Директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, заедно со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, остварија средба со бизнисмени и деловни луѓе од овој регион.

На 16.04.2019 година во Атина се одржа билатерална средба помеѓу делегации на Царинските управи на Република Северна Македонија и Република Грција. Состанокот на делегациите се одржа во насока на остварување на стратешко партнерство и зајакнување на соработката помеѓу двете земји, воспоставена во рамките на  Договорот од Преспа, како и Акциски план за интензивирање и збогатување на сорабoтката помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија, како што е предвидено со Договорот од Преспа, како и соработката на граничните премини.

Денес Царинската управа ја одбележува дваесет и седум годишнината од своето формирање како државен орган на управата. 

Царинската управа во насока на подготовка на царинските застапници за работа со новиот систем за обработка на царински декларации подготви програма за обука. Согласно оваа програма царинските застапници ќе можат да се запознаат со начинот на работа со системите СОЦДАД и ИТО, основни системи за спроведување на царинските постапки. 

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  девизи, цигари, употребуван алат, индустриска машина, хартија за пакување, автоделови, играчки, облека, обувки, бижутерија, семиња за земјоделски култури, медицински материјали, возило со бункер и фалсификувана патна исправа.

По повод 14.Април – Денот на Царината, децата од СОС Детско село ја посетија Царинската управа. Домаќин на децата беше заменик директорот на г-дин Ирфан Бучи. Децата имаа можност да се запознаат со работата на царината, го посетија дежурниот царински систем, музејот на царината и присуствуваа на практична вежба за откривање на дрога со помош на царинско куче.

Царинската управа најпрво ви се извинува за промената на терминот за полагање на закажаниот испит втор дел студија на случај и воедно ве известува дека полагањето на стручниот испит - втор дел (студија на случајот) кој беше закажан за ден 11.04.2019 година со почеток во 11:00 часот во просторијата број 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје кој се наоѓа на бул. „Гоце Делчев“ број 9б, го презакажува за ден 05.04.2019 година со почеток во 15:00 часот. Местото на одржување на испитот останува непроменето.

Денес, 01.04.2019 година, започна дводневната регионална конференција на тема „Зајакнување на капацитетите на Координативните центри за интегрирано гранично управување“ во организација на ОБСЕ и на Националниот координативен центар за гранично управување на Република Северна Македонија. Поздравно обраќање имаше Директорот на Царинската управа м-р Ѓоко Танасоски. На отворањето на конференцијата се обратија и  Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која.

Вчера (26.03.2019 година) на граничниот премин Табановце се состанаа делегации на Република Северна Македонија и Република Србија со цел воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин Табановце/ Прешево. На состанокот се разговараше за предлог договорот за воспоставување на заеднички контроли, при што се заклучи во најкус можен рок сите служби кои се присутни на граничниот премин, односно кои вршат одредени овластувања, од двете страни да ги дадат своите евентуални забелешки или дополнување на предлог договорот, истите да се усогласат и по усогласување да се закаже заедничка средба на двете комисии со цел потпишување на договорот.

 

IMG_5261
IMG_5261
IMG_5263
IMG_5263
IMG_5264
IMG_5264
IMG_5265
IMG_5265
IMG_5266
IMG_5266
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5

 

 

Како дел од активностите организирани по повод одбележувањето на 14 април - Денот на Царинската управа, на 27 март 2019 година започнавме јавна кампања „Стоп за фалсификувани производи“. Кампањата  започна да се спроведува во СУГС ,,Орце Николов" од Скопје каде во просториите на училиштето беше поставен штанд на кој беа изложени примероци од запленети фалсификати.