Царинската управа постојано ги подобрува внатрешните процеси во работењето со цел заштита на финансиските интереси на Република Македонија, олеснување на меѓународната трговија со понатамошна модернизација на царинското работење и поедноставување на царинските постапки, одржување и унапредување на конкурентен економски амбиент, како и реализација на економските политики на Владата на Република Македонија.

По  спроведена  сертификациска проверка на исполнетоста на барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2015 од страна на  Сертификационото тело МКД Сертификат Царинската управа  се стекна со овој сертификат.

Имено, Царинската управа во 2013 година се стекна со ISO 9001:2008 сертификат за управување со квалитет. Посветеноста на Царинската управа кон квалитетот, корисниците и клиентите низ годините доведе до усовршување на процесите и постапките што резултираше со добивање на меѓународниот стандард ISO 9001:2015.

Поседувањето на сертификат за Систем за менаџмент со квалитет значи признавање дека сите процеси и постапки кои се спроведуваат во Царинската управа, како и услугите кои ги дава и нуди заинтересираните  страни  се во согласност со барањата на стандардот ISO 9001:2015 и во насока на постојано подобрување на работењето и задоволување на барањата на сите заинтересирани страни . Сето ова претставува уште една  потврда за успешната работа на Царинската управа.

 

Image-1
Image-1
Sertifikat_ISo_9001_2015
Sertifikat_ISo_9001_2015
Previous Next Play Pause
1 2