На 6 февруари 2019 година, на иницијатива на Секторот за контрола и истраги при Царинската управа на Република Македонија, реализирана е работна посета во Царинската управа на Република Косово.  

Целта на работната посета е продлабочување на соработката и разгледување на можностите за спроведување на заеднички оперативно тактички мерки во борбата против криминалот, како и запознавање со системот за евидентирање и водење на случаи на службата за спроведување на законот во Косовската Царинска управа.  

На состанокот беа присутни претставници од Одделението за истраги и Одделението за разузнавање на Царинската управа на Косово, кои ја поздравија иницијативата и искажаа подготвеност за заедничко делување и водење на заеднички криминалистички истраги со цел откривање и спречување на кривични дела. Покрај конструктивната дискусија, на состанок е презентиран и новиот систем кој службата за спроведување на законот го користи за евидентирање и водење на случаи.

Во рамките на посетата остварена е средба со претставниците на Националниот координативен центар за гранично управување на Република Косово, каде беа презентирани капацитетите со кои располага центарот, како значајна алатка за криминалистичкото разузнавање. 

Царинската управа на Република Македонија искажува благодарност за срдечноста и конструктивноста на претставниците на Царинската управа на Република Косово.  

Единството и соработката се главното оружје во борбата против криминалот!

 

20190206_111404
20190206_111404
Grupna
Grupna
NKC
NKC
Previous Next Play Pause
1 2 3