Во текот на минатите две седмици, царинските службеници открија еден обид за криумчарење наркотични средства и неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  девизи, еден автомобил, автоделови, облека и цигари.

Девизи

- 18.500 евра, откриени при контрола на албански автомобил и личен претрес на тројца албански државјани, пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица. На совозачкото седиште на возилото и во џебови од облеката на патниците биле пронајдени вкупно 20.010 евра и 30.000 долари. Согласно законските прописи на секој од патниците им биле вратени девизни средства во противвредност на 10.000 евра, а 18.500 евра биле привремено задржани. Против возачот, кој ја преземал одговорноста за непријавените девизи, ќе биде поведена прекршочна постапка.

- 6.000 евра, откриени од страна на мобилните царински тимови, при личен претрес на српски државјанин кој, со српски автомобил и во придружба на уште еден српски државјанин, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Патникот пријавил дека се себе носи 10.000 евра, но при извршениот личен претрес, покрај пријавените пари, во мала торбичка што ја носел на рамо биле пронајдени уште 6.000 евра, за кои не поседувал потврда за пријавени девизни средства издадена од царински орган при влез во Република Македонија. Согласно законските прописи непријавените девизни средства се привремено задржани, а против патникот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.  

Автомобил со бункер и автоделови

- еден албански автомобил, марка Mercedes 200 E, во кој мобилните царински тимови откриле дополнително вграден резервоар за гориво позади задното седиште, поврзан со фабричкиот резервоар. Возачот на возилото, албански државјанин кој се пријавил за влез во државата на граничниот премин Ќафасан, изјавил дека дополнителниот резервоар собира околу 180 литри гориво.  Возилото е привремено задржано, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка. 

- 11 резервни делови за моторни возила, откриени во два одвоени случаи на граничниот премин Табановце автопат, при контрола на два македонски автомобили, управувани од македонски државјани, пријавени за влез во државата.

Во првиот случај, во багажниот простор и на задното седиште на автомобилот биле пронајдени 3 нови фарови за камиони, додека во вториот случај, во багажниот простор на автомобилот биле пронајдени 8 парчиња резервни автоделови (замајци, потисни плочи, ламели и хидраулични лагери).

Во двата случаи непријавените производи се привремено задржани, а против патниците се поведени прекршочни постапки.

Облека

- 7 бунди со вредност од околу 108 илјади денари, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Блаце. Непријавените бунди, пронајдени во два куфери сместени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

- 8 парчиња шушкавци, откриени при контрола на српски автомобил, управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. Непријавените производи, пронајдени во багажникот на возилото, се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. Истовремено поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.

Дрога
Царинските службеници од граничниот премин Табановце автопат, во соработка со припадници на Министерството за внатрешни работи, спречија обид за криумчарење на хероин и кокаин. На граничниот премин за излез од државата се пријавил македонски автобус кој сообраќал на релација Струга – Белград. При контролата, извршена со помош на полициско куче за откривање дрога, во делот за рачен багаж во патникиот дел на автобусот, била пронајдена една торбичка за која ниту еден патник не се пријавил како сопственик. Во внатрешноста на торбата, во навлака од перница, биле пронајдени околу 350 грама кафеава прашкаста материја и околу 60 грама бела прашкаста материја. Случајот е предаден на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка. торбата управуван од македонски државјанин. 
 
Цигари
- 25 штеки цигари Rodeo со македонски акцизни маркички, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автобус кој сообраќал на релација Дебар – Копер,  управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.  Непријавените цигари, пронајдени во просторот за вентилација на автобусот, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка. 
Avtodelovi 2,Tabanovce
Avtodelovi 2,Tabanovce
Avtodelovi, Tabanovce
Avtodelovi, Tabanovce
Avtomobil so bunker,mobilna
Avtomobil so bunker,mobilna
Bundi, mobilna
Bundi, mobilna
Cigari, mobilna
Cigari, mobilna
Devizi, mobilna
Devizi, mobilna
Devizi,Bogorodica
Devizi,Bogorodica
Heroin, kokain, Tabanovce
Heroin, kokain, Tabanovce
Shushkavci, Blace
Shushkavci, Blace
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7 8 9