Денес (06.03.2019 ) во Владата на Република Северна Македонија, се одржа свечен чин на потпишување на Меморандумот за соработка за користење на Системот за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупцијата и перење пари, со кој започнуваат активностите на институциите за користење на веб апликацијата, која ќе го олесни собирањето и обработката на статистичките податоци за предметите за случаите на корупција и перење пари и други податоци од значење за градење на анти-корупциската политики. Царинската управа активно учествуваше и даде значаен придонес со членство во работната група која ја изготви Методологијата за релевантен статистички систем за мониторинг на антикорупциската политика како и предметниот Меморандум, со кој се зајакнува меѓу-институционалната соработка во преземањето на активности за превенција и борба против корупцијата и перењето пари.

 

20190306_122515
20190306_122515
20190306_122548
20190306_122548
Previous Next Play Pause
1 2