Управата за царински работи и приходи на Обединетото Кралство, на Царинската управа на Република Северна Македонија и донираше нова софистицирана опрема за пребарување возила. Донацијата ја предадоа британската амбасадорка Рејчел Галовеј и Дејвид Хантли, директор за меѓународни операции, на свечен настан што се одржа денес на 08 мај 2019 година. 

За време на настанот се обрати директорот на Царинска управа, Ѓоко Танасоски кој истакна дека опремата која ќе ја користат царинските службеници претставува единствен начин за спречување и откривање на закани, како и стандард во секојдневното оперативно работење. Директорот посочи и дека поддршката и воспоставената соработка со царинските органи на Обединетото кралство е насочена кон подобрувањето на постојните и примената на нови техники и модалитети на работење преку размена на информации и најдобра практика во областа на борбата против криминалот, но и придонес кон забрзувањето на царинските постапки и трговија. Директорот Танасоски додаде дека во рамките на воспоставената соработка и програма, во Обединетото кралство веќе се испорачани напредни обуки за 20 лица, за примена на техники на пребарување на транспортни средства. Примената на донираната специфична опрема и стекнатите знаења и вештини дополнително ќе помогне да се зголемат капацитетите за преглед и резултатите во откривањето на царинските прекршоци.

Директорот  за меѓународни операции Хантли изрази задоволство од започнатата соработка и истакна дека ова ќе прерасне во долгорочна соработка во насока на зајакнување на борбата против организираниот криминал.

Амбасадорка Галовеј рече дека денешниот настан е јасен израз на ветувањето што го направиле на минатогодишниот Самит за Западен Балкан во Лондон и дека ова е само почеток од пакет на донации.  Исто така, амабасадорката во своето обраќање истакна дека борбата против даночниот и царинскиот криминал и перењето пари како и процесуирање на овие кривични дела помага да се заштитат економиите, а со тоа да се стимулира и развива просперитетот. Зголемениот капацитет на царинските службеници за употреба на нови техники и опрема ќе помогнат да се сузбијат заканите од сериозниот и организира, како и економскиот криминал. Сузбивањето на сериозниот и организиран криминал и корупција е клучен дел од нашата соработка која зафаќа две важни области – безбедност и просперитет, додаде амбасадорката. 

 

Carina Obedineto kralstvo
Carina Obedineto kralstvo
oprema-768x480
oprema-768x480
Previous Next Play Pause
1 2