Во текот на минатите три недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, лекови,   козметика, патничко возило, полуприколка, санитарни производи и балони.

Девизи

- 11.250 евра, откриени на Интернационалниот Аеродром Скопје, при контрола на багажот и личен претрес на македонски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Варшава. Во плик, пронајден во ташната на патникот, биле откриени 13.250 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот девизен прекршок ќе биде поведена прекршочна постапка. 

Лекови

- 2.950 таблети Tagretol од 200 mg и Trileptal од 600 mg, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените лекови, за кои е потребна посебна дозвола за увоз во државата, биле пронајдени во 3 кеси сместени под возачкото и  совозачкото седиште на возилото. Истите се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Возила

- 1 патничко возило со швајцарски таблички, марка PEUGEOT 206, откриено при обид за излез од државата на граничниот премин Јажинце. Возачот, македонски државјанин кој не поседувал швајцарски документи, изјавил дека сопственикот на возилото е надвор од царинското подрачје на Република Северна Македонија. Со таквата постапка возачот направил царински прекршок, поради што против него ќе биде поведена прекршочна постапка. 

- 1 товарна полуприколка со бункер, откриена при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Бункерот бил откриен во подот по целата должина на приколката. Согласно законските одредби, приколката е привремено задржана, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Санитарни производи, ламинати и балони

- 4.500 хелиумски балони, откриени при контрола на српски автомобил, управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин  Богородица. Непријавените балони, пронајдени под седиштата и во багажниот простор на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување  прекршочна постапка. 

- поголема количина кади со џакузи, стакла за туш кабини, капаци за WC школки и лајсни и фолии за ламинатни подови, откриени при контрола на стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Струга, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Струга. Непријавените производи, кои не биле опфатени со царинските документи, се привремено задржани, а против увозникот ќе биде поведена соодветна постапка.

 Козметика

- 690 парчиња разни козметички препарати (креми, тоници, пудри и регенератори за лице, креми за раце, балзам за после бричење, кармини и римел) и 440 тестери од парфеми, откриени при контрола на бугарски влекач, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ново Село. Непријавените производи, пронајдени во кабината позади совозачкото седиште, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка. 

Baloni, Bogorodica
Baloni, Bogorodica
Devizi, Aerodrom SK
Devizi, Aerodrom SK
Kozmetika, Novo Selo
Kozmetika, Novo Selo
Lekovi,Bogorodica
Lekovi,Bogorodica
Poluprikolka so bunker, Bogorodica
Poluprikolka so bunker, Bogorodica
Sanitarii, Struga
Sanitarii, Struga
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6