По официјалното започнување на заеднички контроли на ГП Табановце - Прешево, следеше и свечена церемонија во Владата на Република Северна Македонија, каде директорите на Царинските управи на двете земји ја потпишаа и Спогодба помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за взаемно признавање на одобренија за овластен економски оператор за безбедност и сигурност (ОЕОС).

Взаемното признавање на издадените одобренија за ОЕО претставува клучен елемент за јакнење и заштита на меѓународниот синџир на снабдување. Целта на взаемното признавање на статусот ОЕО значи дека Царинската управа на една земја ги признава резултатите од проверка на автентичноста и одобрување на статусот ОЕО издаден од царината на другата земја. Намалувањето на контролите ќе придонесе до побрзо пуштање на стоката и поголема предвидливост во трговијата.

Со добивање на статус на ОЕО, македонските компании покрај поволностите во царинското подрачје на Република Северна Македонија, ќе може да ги добијат истите поволности во Република Србија: поголемо користење на поедноставените царински постапки, приоритетен третман при спроведување на царинските контроли, намален број на физички и документарни контроли од царинските органи, избор на местото за контрола како и други директни и индиректни поволности. Сето ова треба да придонесе за: намалување на времето на спроведување на царинските постапки за стоките, намалување на трошоците за увоз и извоз, зголемување на конкурентноста и поголема интеграција на македонските компании на регионалните и европските пазари. На тој начин се зголемува нивниот деловен имиџ и углед, како и нивната професионалност, претприемачки дух и финансиски капацитети.

3
potpisuvanje OEO so srbija - Copy
potpisuvanje OEO so srbija 3 - Copy
Previous Next Play Pause
1 2 3