Денеска, Царинската управа на Република Северна Македонија и Пазарната инспекција, спроведоа заедничка акција против нелегална продажба на цигари, режан тутун и други тутунски производи низ пазарите во неколку града низ државата, претходно Скопје и Битола и денеска Тетово. Предмет на акцијата беше контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и коишто претставуваат акцизни добра. 

Во акцијата се запленети: режан тутун 69 кутии по 500 грама или вкупно 34.5 килограми и 2156 кутии цигари односно 43.120 парчиња цигари, а против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Оваа акција е дел од редовните контроли, кои ги најавивме претходно. Сериозноста на проблемот и обемот на штетите што нелегалната трговија со тутун и тутунски производи го предизвикува, бара од нас континуирани напори за да го спречиме нелегалниот промет на акцизни добра. На овој начин не само што ја штитиме конкурентноста, го спречуваме неплаќањето на давачки кон државата, дополнително придонесуваме за заштита на здравјето на луѓето што може да биде загрозено со употреба на непроверени производи пуштени во промет на нелегален начин. На овие производи не е познат составот, потеклото, начинот на производство и нивно чување. Во оваа акција пронајдени се производи за кои допрва ќе се испитува составот кој според првите проценки има мал процент тутун и истиот во пакувања од половина килограм кои не постојат како производ. Против сторителите, како и досега, така и понатаму ќе се преземаат најстроги санкции со цел спречување на оваа појава. 

Цигарите и режаниот тутун се акцизни производи, за кои се плаќа акциза, а кога ќе се најдат во малопродажба, истите мора да бидат обележани со контролни марки. Акцизите учествуваат со околу 22% во вкупните даноци кои ги прибира државата, а во буџетските приходи акцизите учествуваат со 13%, од кои над 5% се од цигари и тутунски производи. Соодветно на тоа, станува збор за значаен извор на приходи во буџетот на државата. Со акциите за сузбивање на нелегалната трговија со акцизни добра, се штити и легалното производството и лиценцираните производители.

 

1
1
2
2
3
3
4
4
5
5
6
6
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6