Република Македонија е член на Регионални разузнавачки канцеларии за врска- Regional Intelligence Liaison Offices (RILO)

Под покровителство на Светската царинска организација воспсотавена е мрежа на канцеларии за размена на царински разузнавачки информации, кои имаат за цел преку нивна размена на регионално и глобално ниво, да придонесат кон засилувањето и поголемата ефикасност во борбата против царинските измами и повредата на царинското законодавство. Врз регионална поделба воспостваени се 11 канцлераии за: Западна Европа, Источна и Централан Европа, Среден Исток, Азија и Пацифик, Севрна Африка, Западна Африка, Источна и Јужна Африка, Јужна Америка, Кариби, Централна Америка и Заедница на независните држави (Русија и 9 републики на поранешниот СССР). Република Македонија припаѓа на регионот на Источна и Централна Европа, со централна канцлеарија во Варшава, Полска.

Размената на податоците се врши преку специјално подготвен инфомратички систем -Царинска мрежа на податоци за спречување на криминалот (Customs Enforcement Network - CEN), преку која, со почитување на највисоки стандарди за безбедност и заштите на податоците, е овозможен пристап до повеќе бази на податоци и директна размена на пораки помеѓу членките. Разменетите информации претставуваат помош во борбата против недозволената трговија и царинските измами. Базите на податоци ги содржат информации за извршените одземања на стоки по однос на повредата на царинското законодавство.