Република Македонија е членка оснoвач на Центарот за спроведување на закон во Југоисточна Европа(SELEC) меѓународна организација за спроведување на закон со 12 земји членки од Југоисточна Европа, формирана со цел да обезбеди поддршка за своите земји членки и да ја подобри координацијата на активностите за спречување и сузбивање на криминал, вклучувајќи и сериозен и организиран криминал, во ситуации каде во ваков криминал е вклучен или се чини дека е вклучен елемент на прекугранична активност.

SELEC има повеќе од 15 годишно искуство и стручност за успешно спроведување на заеднички истраги и операции на регионално ниво, за олеснување на брза размена на информации преку офицерите за врски на своите земји членки кои се распоредени на работни задачи во Управата на SELEC во Букурешт, Романија.

Оперативните активности на SELEC се спроведуваат преку осум работни групи кои се занимаваат со прашања поврзани со криумчарење на дрога, финансиски и компјутерски криминал, шверц и царинска измама, недозволена трговија со луѓе, тероризам, украдени возила, криминал поврзан со животната средина и природата, а во овие оперативни активности Република Македонија е координатор на Работната група за финансиски и компјутерски криминал и Работната под-група за криминал поврзан со културно наследство која е дел од Работната група за криминал поврзан со животната средина и природата.

Повеќе информации на www.selec.org